ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пелистер има нов тренер!

Пелистер има нов тренер!

сподели
фото: КФСМ

Еден ден по третата победа во Првата кошаркарски лига, битолскиот клуб одлучи да направи смена на тренерската позиција.

На местото на Зоран Тодоровиќ е ангажиран поранешниот предводник на Фени Индустри (сегашен Еуро Никел) и асистент на Јорданчо Давитков во македонската репрезентација Љупчо Малинков. Кошаркарскиот клуб Пелистер преку соопштение ги објасни причините за разделбата со Тодоровиќ.

„Управата на КК Пелистер, АД Битола сака да изрази голема благодарност до кошаркарскиот селектор и тренер Зоран Тодоровиќ за неговиот ангажман и огромен придонес во развојот на битолската и македонската кошарка.

За жал оваа сезона, како и минатата, не успеавме да обезбедиме тренерска лиценца за шефот на нашиот стручен стаб поради критериумите и пропозициите од правилникот на тренерската организација при КФСМ и со тоа нам, а и нему, му беше скратено правото да ги води натпреварите како прв тренер.

Во тие отежнати околности дојдовме до заедничко решение за доброто на сите, односно, Зоран Тодоровиќ, да може да ја продолжи кариерата во друг клуб каде што ќе може непречено да ја извршува својата функција, а исто така и ние да можеме да ангажираме тренер кој ќе може да ја извршува непречено функцијата, шеф на стручен штаб во нашиот клуб и со тоа да пробаме да ги подобриме резултатите во оваа сезона.

Љупчо Малинков – десно

Во оваа прилика уште еднаш сакаме да изразиме голема благодарност до Зоран Тодоровиќ на кого му посакуваме многу здравје и среќа во натамошната кариера. Нашата соработка беше и ќе остане во иднина на високо ниво затоа што причината за спогодбено разидување е чисто од технички причини.

Изборот на нов тренер падна на долгогодишниот стратег на клупата на Фени Индустри и помошник во мак-сениорска репрезентација Љупчо Малинков, на кого му посакуваме добредојде и успех во останатиот дел на сезоната.

КК Пелистер, АД Битола“