ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пелистер е новата мека во Македонија?

Пелистер е новата мека во Македонија?

сподели

Адем Мекиќ беше без клуб само неколку дена, имал неколку понуди, но се решил да ја прифати битолската. Претходно, за Пелистер потпишаа Филип Думиќ од Куманово, односно Антон Казарновски, Јетмир Зекири и Андреј Цветковски кои играа во повеќе македонски екипи.

Македонскиот репрезентативец имаше сезона со просек 13.1 поени, 5.0 скокови, 2.5 асистенции и 1.5 украдени топки, ќе биде големо засилување за екипата предводена од Зоран Тодоровиќ, а се очекува да игра одлично на позициите 1 и 2 со неговиот добар пријател, Андреј Цветковски.