ПОЧЕТНА НБА Пеликанс пред драфтот го истролаа еден од најпознатите новинари во САД

Пеликанс пред драфтот го истролаа еден од најпознатите новинари во САД

сподели
фото: New Orleans Pelicans

Неколку часа остануваат до НБА драфтот 2019 година на кој Њу Орлеанс го има првиот пик и веројатно веќе се знае кој ќе биде тоа.

Пеликанс се во центарот на вниманието, па ситуацијата ја искористија да се пошегуваат малку. Го искористија Адријан Војнаровски, еден од најпознатите новинари во САД кога станува збор за кошарката, односно НБА лигата.

„Еј, Вој, меѓу нас, може да не откриваш кој ќе биде нашиот избор? Фала, брат“, напишаа Пеликанс на својот Твитер профил, а Војнаровски одговори со емотикон.

Се очекува тимот од Лујзијана да го избере Зајон Вилијамсон, веројатно поради тоа е оваа шега. Алузијата е во тоа што Војнаровски најчесто прв ги има големите вести во НБА.