ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пазарењето може да почне

Пазарењето може да почне

сподели

Канцеларијата на КФСМ ги информира сите клубови, согласно членовите од Регистрацискиот Правилник на КФСМ, за преодниот рок за кошаркари и кошаркарки во Сениорските и во Младинските лиги од натпреварувачката сезона 2020/2021.

Преоден рок 2020/21

1. Согласно член 23.1.3 од Регистрацискиот правилник на КФСМ, рок за пријавување екипа во сениорските категории е најдоцна до 1-ви Септември 2020 годинa;

2. Согласно член 23.1 од Регистрацискиот правилник на КФСМ, преодниот рок за кошаркари/ки во сениорските лиги за натпреварувачката сезона 2020/21, започнува на 01 Јули и завршува 24 часа пред почеток на вториот дел од сезоната во соодветното сениорско натпреварување;

3. Согласно член 23.2. и член 23.3. од Регистрацискиот правилник на КФСМ, рок за пријавување екипа е најдоцна 15 Август 2020 (формулар во прилог), со комплетна документација на играчи во сите младински категории најдоцна до 1-ви Септември 2020 година;

4. Дополна или промена во листата на играчи, со приложена комплетна докуменатација, во сите младински категории може да се изврши најдоцна до 48 часа пред почеток на првиот натпревар во соодветното натпреварување, но само за најмногу 3(три) играчи; Се однесува само за играчи кои веќе имаат важечки договор со клубот, или играчи кои имаат потпишано договор најдоцна до 01.09.2020.

ДОГОВОРИТЕ КОИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО КФСМ МОРА ДА БИДАТ ЗАВЕРЕНИ НА НОТАР;

1. Кошаркарите/ките родени 2002 и постари, потпишуваат прв сениорски Договор;
2. Кошаркарите/ките родени од 2003 до 2006 потпишуваат Договор за спортско
усовршување;
3. Кошаркарите/ките родени 2007 и помлади, потпишуваат Договор за тренинг и настап;
4. Кошаркарите/ките родени 2000 и помлади можат да добијат двојна лиценца,
согласно член 36 од Регистрацискиот правилник на КФСМ. Еден клуб може да има во
листа најмногу 6 играчи на двојна лиценца;

Сите клубови најдоцна до 01 септември 2020 година, мора да ги подмират своите долгувања спрема КФСМ, за да можат да пријават учество на екипа и регистрација на играчи во натпреварувачката сезона 2020/21;

(преземено од kfsm.mk)