ПОЧЕТНА ЕВРОПА Пау Гасол од Барселона на Олимпијада, па во пензија!?

Пау Гасол од Барселона на Олимпијада, па во пензија!?

сподели
Легендарниот Шпанец играше во Барса од 1998 до 2001 година и освои две титули во АЦБ Лига (Фото: Marca)

Во моментите кога цел свет се занимава со пандемијата со корона вирусот, шпанскиот легендарен кошаркар им ја заскокотка фантазијата на каталонските љубители на спортот и барем за момент предизвика насмевки на нивните лица.

Најдобриот шпански кошаркар на сите времиња најави дека размислува за враќање во Барселона од која замина 19 години за да направи исклучително успешна НБА кариера.

„Тоа е атрактивна и интересна идеја. Уште откако од Барселона заминав во Мемфис, секогаш размислував за неа, но со текот на времето ми изгледаше невозможна. Мојот брат Марк неодамна најави дека сака кариерата да ја заврши во Жирона и го разбирам бидејќи таа му значи на него исто како што мене ми значи Барселона.

Но, се е и натаму неизвесно. Медицинските установи сега се тешко пристапни поради корона вирусот и не знам каква е реалната ситуација со моето стапало. Ја следам мојата дневна програма што ми ја дадоа докторите и се подготвувам за секое сценарио“, изјави Гасол во интервју за ЕСПН.

Многумина во ова видоа негова намера да настапи на Олимписките игри кои се одложени и закажани за идното лето. Преку Барселона ќе може да се обиде да ја освои титулата во Евролигата која недостасува во неговата колекција, а идното лето да стави точка на кариерата преку настапот на Олимпијадата во Токио.