ПОЧЕТНА Некатегоризирана Партизан вложи жалба, ама бадијала

Партизан вложи жалба, ама бадијала

сподели
фото: Pedja Milosavljevic / STARSPORT

Црвена Звезда ја одбрани титулата во српското првенство, но тоа го направи на контроверзен начин, со нерегуларен кош во финишот од четвртиот натпревар во финалната серија.

Судиите не забележаа чисти чекори од Били Берон кој беше егзекутор на Партизан, а „црно-белите“ веднаш по натпреварот вложија жалба. Тие не излегоа на доделувањето на медалите и пехарот бидејќи бараат натпреварот да се преигра.

Но, жалбата нема никакво дејство во овој случај. Дури и да се утврди дека судиската тројка погрешила, натпреварот нема да се преигра, а вака нема ни основа да се прегледа снимката.

Instant replay system (IRS, кошаркарски VAR), се користи само во осум случаи, а овој не е еден од нив. Кошот е признат, Црвена Звезда е шампион на Србија и тоа е конечно. Единствената сатисфакција што може да ја добие Партизан е судиите да бидат казнети.