ПОЧЕТНА Некатегоризирана Партизан подготвува бомба за крај

Партизан подготвува бомба за крај

сподели
Ендрју Гаудлок (фото: Los Angeles Times)

Андреа Тринкиери ќе има фантастичен тим во новата сезона ако се оствари неговата желба во Белград да дојде поранешниот играч на Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокитс и еден од најдобрите шутери во Евролигата.

Ослабената бековска позиција, по заминувањето на Вања Маринковиќ, треба да ја засили Ендрју Гаудлок кој последната година игра во Кина, но нема против да се врати во европската кошарка. По една сезона беше член на Фенербахче, Макаби и Олимпија, а во моментов го носи дресот на Шандонг Голден Старс.

Преговорите меѓу Партизан и Гаудлок се во завршна фаза и можно е веќе викендов Американецот да дојде во Белград.

Во случај да дојде до пресврт поранешниот европски шампион има резервна варијанта: Тајлер Енис кој минатата сезона беше член на Фенербахче, но доживеа тешка повреда и одигра само четири натпревари. Минатиот месец доби отказ од турскиот вицешампион, па во Партизан може да дојде како слободен играч.

И тој има НБА искуство бидејќи настапуваше за екипите на Милвоки, Хјустон и Лос Анџелес Лејкерс.