ПОЧЕТНА ЕВРОПА Партизан најави поголем буџет за следната сезона

Партизан најави поголем буџет за следната сезона

сподели
alo.rs

Црно-белите активно лобираат за последното слободно место (преку вајлд-карта) во Евролига, каде што очајно сакаат да се вратат, сметајќи дека таму му е местото на еден од српските клубови со најбогата традиција.

Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ на коктелот по повод крајот на сезоната најави поголем буџет за тренерот Андреа Тринкиери за следната сезона, што со петгодишниот договор со белградската Арена, треба да бидат двата клучни фактора за развојот на овој клуб.

Според Мијаиловиќ, Партизан не би загубил ништо дури и да не добие покана од Евролига, затоа што клубот бил стабилизиран и поставен на вистинскиот пат. Според него, минатата сезона била неправедна и во АБА лигата и во српската лига, за црно-белите, но тие ќе се бореле преку институциите за исправање на ваквата ситуација.