ПОЧЕТНА ЕВРОПА Партизан му обезбеди двајца кошаркари на Младост Земун

Партизан му обезбеди двајца кошаркари на Младост Земун

сподели

По примерот на Црвена Звезда, најтрофејниот клуб во АБА претстојната сезона ќе има своја филијала во ова натпреварување, но во вториот степен, односно АБА 2, каде што ќе настапуваат Работнички и МЗТ Скопје.

Младост Земун ќе ја има улогата на ФМП и таму ќе се разигруваат кошаркарите кои веројатно во иднина ќе го облечат дресот на Партизан. Таков ќе биде случајот со Тре Дрексел и Филип Барна кои ќе играат како позајмени кошаркари.

Дрексел и минатата сезона ја помина во Младост Земун, но сега потпиша договор со него и веднаш го врати во тимот од АБА 2. Барна има 20 години, доаѓа од Спартак Суботица, а минатата сезона во српското првенство имаше просек од 10,2 поени и 2,8 асистенции.

Младост Земун ќе биде еден од најмладите тимови во АБА 2. Најголемиот дел од кошаркарите се на возраст од 17 до 22 години, а највозрасен е 36-годишниот Игор Мијајловиќ, поранешен член на МЗТ Скопје, Карпош Соколи и Кожув.