ПОЧЕТНА ЕВРОПА Партизан како казнена експедиција во Еврокупот

Партизан како казнена експедиција во Еврокупот

сподели
фото: KK Partizan

Вицешампионот на Србија и натаму е со максимален ефект во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

По победите над Венеција и Тофаш, Партизан славеше и на гостувањето кај Ритас со 61:66. Со тоа стана првата екипа во Еврокупот со 3/3, барем додека не се одиграат останатите натпревари од ова коло.

Маркус Пејџ со 17 поени беше најефикасен во редовите на српскиот тим, Гордиќ постигна 13, а Мозли 11. Во екипата на Ритас, Бенџиус и Круз реализираа по 15 поени. Во следното коло Партизан го пречекува Локомотив Кубан, а Ритас оди кај Тофаш.