ПОЧЕТНА Евролига Партизан извиси, познат последниот учесник во Евролигата

Партизан извиси, познат последниот учесник во Евролигата

сподели
euroleague.net

Како што неофицијално беше најавено пред крајот на минатата недела Зенит го комплетира списокот на екипи кои претстојната сезона ќе учествуваат во елитното кошаркарско натпреварување.

Рускиот клуб ја доби специјалната покана за настап на која се надеваа и Партизан, Будуќност, Дарушафака итн.

Претстојната сезона ќе биде прва со 18 екипи во Евролигата бидејќи таа е проширена со АСВЕЛ и Баерн.

Почнува на 3-ти октомври, а завршниот турнир е на 24-ти мај во Атина. Актуелен шампион е ЦСКА Москва.