ПОЧЕТНА АБА Партизан и Бирчевиќ повторно заедно

Партизан и Бирчевиќ повторно заедно

сподели

Најтрофејниот српски кошаркарски клуб донесе уште едно засилување за новата сезона, во обид да ја симне Црвена Звезда од престолот во домашното и регионалното друштво.

Вторпат во кариерата „црно-белиот“ дрес ќе го носи Стефан Бирчевиќ кој по две години се враќа во тимот на Партизан. Додека се подготвува за настап на Светското првенство во Кина, крилниот центар го реши својот клупски статус, па може да се насочи на својата репрезентација.

Во меѓувреме беше член на Истанбул ББ, Банвит и Бон, а во Партизан треба да го замени Стефан Јанковиќ кој го продолжи договорот со Партизан, но веднаш замина на позајмица во АЕК.