ПОЧЕТНА ЕВРОПА Партизан го врати ударот – донесе „звездаш“!

Партизан го врати ударот – донесе „звездаш“!

сподели

Некогашниот играч на Баерн, Естудијантед, Црвена Звезда, Мега и Хемофарм, Немања Дангубиќ во новата сезона ќе носи „црно-бело“.

Партизан успеа во својата намера да го донесе во своите редови, како прво засилување по назначувањето на новиот тренер Владо Шчепановиќ. Дангубиќ доаѓа од Естудијантес, но главна тема при неговиот трансфер е тоа што четири години од кариерата помина во редовите на лутиот ривал на Партизан – Црвена Звезда. Со тоа поранешниот европски шампион делумно го врати ударот за трансферот на Кори Волден иако Американецот се пресели во Звезда директно од Партизан.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од тимот и организацијата Партизан. Познавам голем дел од соиграчите, со некои играв заедно на почетокот од кариерата, како од моите екипи, така и од младинските репрезентации. Го познавам и стручниот штаб, со се радувам што ќе имам можност да соработувам со Владо Шчепановиќ“, изјави Дангубиќ.

Тој е вкупно трето засилување за Партизан летово, по Треј Дрексел и Коди Милер-МекИнтаер.