ПОЧЕТНА Во позадина ПАРОДИЈА: Како ќе изгледа еден тренинг на МЗТ?

ПАРОДИЈА: Како ќе изгледа еден тренинг на МЗТ?

сподели

Ќе се обидеме да ви доловиме, со каква ситуација се среќаваа претходната и ќе се среќаваат во новата сезона, тренерите во македонската кошарка, оние што истовремено сакаат компетитивни екипи со најдобрите македонски играчи.

Ќе напоменеме на стартот, затоа што има многу СТРУЧЊАЦИ што ќе се јават со коментари, дека: не браниме никого, не напаѓаме никого, туку сондираме што се случува.

Basketball.mk секогаш ќе биде на страната на македонската кошарка, ги штити македонските играчи и клубови, се обидува од нашата лига да направи НБА атмосфера, но понекогаш мора да има и малку иронија, со цел да избегаме од секојдневието, нели?

Кочов доаѓа на тренинг, под услов да се договори со МЗТ Скопје за останување, зашо уше нема нишо официјално. Или има, а ние не знаеме?

Добар ден дечки, ајде смотра, да се преброиме, први Македонац, други Србин, треќи Македонец, иаме еден Хрват, или неаме, ќе се враќа Иве?…

Ајде на линија сите, Македонците од лево, Србите скоро у средина, Хрватите уше малку подесно… идеме Американци меѓу Србите и Хрватите…

Океј, момци, денеска се собравме тука да видиме по колку не има од која националност, каква квота да одредиме, кој напад со колку проценти присуство ќе го играме… Имаме ли кворум или неаме?

Да ви кажам искрено, нешо ми се мешаат акцииве, нападиве посебно зашо сите играме одбрана. Колку беше три акции по три македонски играчи, па по два американски, еден од Словенија слушам ќе дојде, иаме и најава од Летонија…

Чекај, а некој пасош се брои како македонски или сите се странци кај нас? Зашо не ни текна дупло државјанство да дааме, тоа се рачуна ко македонски грач? Глеаш на тоа не сме помислиле…

Френки брат, помагај ако грешам… Еден центар Македонец, полуцентар 4-ка српски интернационалец, тројка иаме наша, двојка и кец амерички. А кој беше тој шо бараше 100 иљади? Ко Лејкерс да сме, бреее…

Како сеа да ги напраам за последниот напад коа ќе иаме топка, Работнички води еен разлика, ние сме у напад на 8 секунди до крај, пета утакмица у финале? Френки, кажи бе… Френки не се праи луд…

Чекај, дете, ела ти, како се викаше? Ти што никад не си играл поише од едно 23 секунди по утакмица, абе те немаше на претходниве утакмици на клупа или грешам?

Ти моеш да ја шутнеш од тројка? Ако не згази си слободно, знаеш дека ко ќе поминеш линија за три се брои за два ама нема везе…

Еј, слушај ваму, еј, да се разбереме… Македонија нема време за чекање… ајде фаќајте топка и да тренираме, Македонците по тројца нека се поделат…

Дај вие другите фатете слободни пуцајте, нешо да работите дур ние вежбаме по тројца, ако не напраиме нишо после у лето ќе има 3х3 турнири па таму ќе…

Брат, а ние слободни бе коа ќе пуцаме, па и ние сме играчи за задњи минут, шо ние не знаеме да влеземе, да ни напраат фаул, па да погодиме од пенал?

Башка сме македонски играчи, знаеш дека по тројца играме стално… кој ќе ти фаулира странец, помалку се…

Бојке, брате, шта има? И така стана македонски зет, си размишљал за наш пасош? Јес да ти треба виза за у Кина, ама шо има врска, тука ќе си играш ко дома, а?

Немој брате љутиче се они моји, а можда и нече, ај видечемо, до августа има времена… (ваљда смо погодили падеже…) …

Дечки, Ѓоле го заболе глаа од математика, да рачунавме толку у школо сеа електроинжињери ќе бевме и ќе млатевме 10К месечно ко од шала…

Слушај ваму сеа…

Идеме, акција два за трето полувреме, тројца македонски играчи ваму, двајца од другите таму…………..

*************

НАПОМЕНА:

Вака „ќе изгледаат“ тренинзите на сите екипи, ова е само посочување на реалниот проблем преку една, затоа што МЗТ има најмногу македонски репрезентативни играчи и е најзасегнат од правилото за ограничување. 

Во текстот е користен сленг и уличен жаргон. Контекстот не е поврзан со ниту една личност прикажана на сликите, истите се искористени за збогатување на пародијата. Содржината на редовите не била искажана, ниту пак е стил на искажување на оние што се напоменати.

Не сакаме да навредиме никого, особено не нашите тренери, играчи или клубови, или другите народи кои што се споменати, туку едноставно се обидовме да ги вклопиме сите нив во пародијата.

Немаме ништо против правилото тројца македонски играчи на терен, ниту пак ограничување на странци, ниту пак дозвола да играат безброј странци во нашата лига. Тоа се прашања што треба да ги разгледуваат стручни лица.

Додека ги чекаме експертите, ова нека биде само уште една пародија, од нашата ни прекрасната ни кошарка…