ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ПАРОДИЈА (1): Селекторов нема(л) поима бе – ги нема Шиљо, Дуганов и...

ПАРОДИЈА (1): Селекторов нема(л) поима бе – ги нема Шиљо, Дуганов и Инграм на списокот!

сподели
travelbreatherepeat.com

Слики нема у текстов зашо ова шо сакаме да ви го доловиме едноставно НЕ МОЖЕ да се илустрира. Нека овие неколку зборови, ви дадат секој по иЉада слики у глаата…

Кадар:

(Децка соба, трља очи, зева без да стаи рука на уста, одма фаќа телефонот да види за шо ке к*ња денеска)

Се будам сабајле, глеам список. Додуша не беше сабајле, беше нешо накај пладне или покасно малце, ама битно денот ми почна со списокот. А, на списокот, глеам, шо ке видам. Па ова ли е список бе, каков е овој список, зашо се овие на списокот, а не се оние?

Кадар:

(Ходник, иде онака се чеша за бут со изгужвани боксерки, последен пат сменети прошлиот викенд)

Кооој го праеше бе списоков? Кој го стаи бе тој шо го праеше списокот? Кој му дае за право да се зае*ава со национални пари? Знае ли он од кај зима плата бе?

Кадар:

(ВЦ, пушта вода и мие заби со рашчепена четкица купена 1998 година)

Тие шо го стаиле оној шо ги стаи овие на списокот, знаат ли шо праат бе? Кој ги плаќа овие сите бе? Е*ати државата, ни снег нема у јануар више ко шо треба. Да ти е*ам и гума и бандаж и браник и сајла и све да ти е*ам, да ти се мо*ам у багажникот…

Кадар:

(Прецобје, врзуе кондури, стенка онака као кој ќе искача сеа)

Мамоооо, дај 100 денари за на кафе. Неам ситно вчера беф у град. Плата ли се четириес иљади бе, мене дваесе ми требаат за еден викенд, е*ате… Уствари, мамо, дај стопеесе, комплетче да си зеам кафенце со сокче. Не идам денес на работа, ме изнервира нешо шефот ме извади од контакт и секундарно го отерав у три лепе. Ќе кажам болен сум бил…

Наратор:

Вака стартуваше денот, на просечен 35-38 годишен Македонец самопрогласен-познавач-и-фактограф на кошарката, кога новиот предводник на националната А селекција, објави 24 имиња на неговиот прв список откако седна на кормилото на Македонија.

Македонец:

(Отвара врата ќе искача, се врти и дига веѓа)

А, ти, па, нараторе, шо знаеш бе па ти па? Си продал два весника на семафор и мислиш новинар си! Пиши некоја НБА статија, нешо за квалитетна кошарка, а не за овие тука шо незнаат да идат бе. Вии ги србине бе шо праат, лом, парче. Хрватине ХТВ ја имаат, словенцине се германци за нас бе.

Наратор:

А, добро, еве едно прашање пред да излезете: Кого требаше да повика селекторот? Со кои други сили располагаме ние?

Кадар:

(Иде веќе по скали накај стокецот со расипана сијаличка за гориво)

Какви сили бе, центрифугирана да не сакаш сила, е*ате тоа? Има, мора да има, ти знаеш најбоље дека има, за шо си новинар, за да знаеш, шо ме прашуваш мене, е*ате тоа? И шо к*р сакаш сеа кој те викна тебе, остаи ме на мира ае.

Кадар:

(Кафиќ, негде околу 13 часот, гужва ко на панаѓур пошТо сите се на работа нели)

Здрао брат. Шо праите бе? Лееее, видовте ли шо има на списокон бе?

Кадар:

(Доаѓа келнерката да го праша шТо ќе се напие)

Неможам више нишо не ми се пие од кафана у кафана цел ден. Дај една вода, од 30-40 денари Пелистерка, нејќам Сан Пелегрино.

Кадар:

(Се врти кај другарите вадејќи МаРлборо)

Ќе им пијам кафе од 100 денари, нормални ли се овие бе, не сме у Њујорк… Негооо, го видовте ли списокот бе?…

>>>ТХЕ ЕНД ПАРТ УАН<<<

*Стеј тјунд пошо има и втор дел приказнава…