ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Парадоксот на Нагетс: Јокиќ се разигра, Денвер не може да победи

(ВИДЕО) Парадоксот на Нагетс: Јокиќ се разигра, Денвер не може да победи

сподели

Од почетокот на сезоната најголем проблем на тимот од Колорадо е формата на најдобриот играч во составот.

Тој не играше на нивото на минатата натпреварувачка кампања, но Денвер сепак победуваше и на претходните 19 меча, претрпе само пет порази. Последната недела Никола Јокиќ игра многу подобро, но Нагетс се во серија од три порази поради кои паднаа на петтата позиција во Западната конференција.

Иако тоа не е најдоброто од него, Јокиќ беше блиску до трипл-дабл, за 33 минути на теренот постигна 15 поени, 11 асистенции и 7 скока, а Денвер загуби на гости кај Филаделфија со 97:92. Сиксерс продолжија со максималниот ефект на домашен терен каде на 13 натпревари имаат исто толку победи.

Покрај Јокиќ, во екипата на Денвер се истакна Бартон со 26 поени, а Џоел Ембид ја предводеше Филаделфија со 22 поена и 10 скока. За разлика од Нагетс, Сикерс се во серија од теи победи и дојдоа до четвртото место на Истокот.