ПОЧЕТНА ЕВРОПА ПАО тесно во Русија

ПАО тесно во Русија

сподели
euroleague.net

Со комплетно реконструирана екипа, грчкиот гигант извојува тешка победа на гостувањето кај Химки, со 76:78. Шесткратниот шампион на Евролига, почнува нова ера во своето постоење.

Папапетру ги предводеше двоцифрените стрелци, со 16 поени. Митоглу имаше 12, со 9 скока. Бентил постигна 11, Бокоридис и Фостер регистрираа по 10. Даирис Бертанс имаше 14 поени, за поразените.