ПОЧЕТНА ЕВРОПА ПАО? Не е првпат и може да си оди!

ПАО? Не е првпат и може да си оди!

сподели
El Pais, EFE

Предводникот на двете најквалитетни европски клупски лиги, зборуваше за сценариото без грчкиот великан во рамките на елитното европско кошаркарско натпреварување, во интервју за мадридскиот таблоид Ел Паис:

„Со ПАО, најважно е да имаме трпение и дијалог. Не е првпат Панатинаикос да се заканува дека ќе замине од нашата лига, но раководството на атинскиот клуб знае дека нема подобро сценарио од нашето.

Претседателот на Панатинаикос, Димитри Јанакопулос

Никогаш досега не преземало конкретни чекори, но и да замине ние ќе најдеме соодветна замена. Пред неколку сезони ги имавме Бенетон, Монтепаски…“ – изјави првиот човек на компанијата Евролига Баскетбал, Џорди Бертомеу.

Виртус е еден од сериозните кандидати за враќање во Евролига, која сака втора италијанска екипа. Откако компанијата Сегафредо го презеде клубот од Болоња, се планира нова сала со 15.000 седишта и стабилност на подолг рок.