ПОЧЕТНА ЕВРОПА ПАО е пресилен, за да му играш падни-стани

ПАО е пресилен, за да му играш падни-стани

сподели
euroleague.net

Црвена звезда имаше две добри четвртини, што не беше доволно да го изненади фаворизираниот домаќин во ОАКА арената, кој славеше со 87:82 во првата рунда од новата елитна сезона. Клучен беше вториот дел од третиот период, кога зелените направија двоцифрена предност (+14).

euroleague.net

Ник Калатес имаше 21 поен за Панатинаикос, со 7 асистенции, но и со некарактеристични за него 5 загубени топки. Дешон Томас имаше 18 поени со 11 скока, а кај поразените Џејмс Гист реализира 22 поена со 7 скока, Перпероглу и Берон (6 асистенции) имаа по 15 поени.