ПОЧЕТНА ЕВРОПА ПАО царува во Грција, ќе биде така уште долго?

ПАО царува во Грција, ќе биде така уште долго?

сподели
фото: PAO BC

Зелената екипа од Атина ја освои 3-та титула по ред и вкупно 38-ма во грчката кошарка, со чисти 3:0 против Промитеас победувајќи со 111:77 во последниот меч од финалето.

Папајанис постигна 19 поени со 9 скока, Томас имаше 16 поени, Лоџески имаше 13 поени за победникот. Калатес имаше 12 поени со 9 асистенции, со што го одигра единствениот негов меч во плеј-офот сезонава без дабл-дабл учинок.

Титулата е освоена во сезоната во која што Олимпијакос демонстративно не играше неколку натпревари и е префрлен во втората лига.