ПОЧЕТНА ЕВРОПА Панатинаикос на продажба – за 25 милиони евра!

Панатинаикос на продажба – за 25 милиони евра!

сподели

Сопственикот на најтрофејниот грчки кошаркарски клуб Димитрис Јанакопулос објави дека планира да го продаде ПАО.

Сумата за која е подготвен да се ослободи од клубот кој повеќе од три децении е во сопственост на неговата фамилија, изнесува 25 милиони евра иако реалната вредност на Панатинаикос е барем четири пати поголема. Се претпоставува дека донел ваква одлука поради несогласувањата со Евролига.

„Панатинаикос е на продажба за 25 милиони евра. Го напуштам ПАО како шампион и со крената глава. Го завршив моето овде, одлуката е дефинитивна и неотповиклива. Додека не се најде купувач, јас ќе го водам клубот.

Не сум рекол дека ПАО нема да игра во Евролигата, туку дека сериозно ја проценуваме актуелната ситуација. Се надевам дека многу брзо ќе се преселиме во Лигата на шампионите на ФИБА“, истакна Јанакопулос кој додаде дека од 1987 до 2012 година неговото семејство во клубот потрошило 372.800 евра.

Панатинаикос е убедливо најуспешен грчки клуб во историјата. Освен 38 шампионска титули и 19 купа, во своите витрини има и шест трофеи од Евролигата.