ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пајиќ и Стајиќ ќе грмат во Гевгелија

Пајиќ и Стајиќ ќе грмат во Гевгелија

сподели
фото: PHOTOKAV

Кожув формира супертандем за наши услови, на бековската позиција за новата сезона. Врсниците (1993) Бобан Стајиќ и Предраг Пајиќ ќе владеат на надворешната линија, со која проблеми ќе имаат сите екипи.

Пит-бул тандемот на новиот проект, фузиран од Кожув и Блокотехна, гризе и во нападот и во одбраната. Неуморниот двоец игра и на 1 и на позицијата 2.

mkf.mk

Тоа ќе биде главниот проблем за противниците и главниот адут на гевгеличани, кои што сфатија дека во овој град треба да има една, но силна екипа.

Стајиќ доаѓа по успешни сезони во МЗТ и Работнички со титули и Купови во колекцијата, а Пајиќ по пет одлични сезони во Фени Индустри реши да ја смени средината и да оди чекор понапред во кариерата.