ПОЧЕТНА ЕВРОПА Падна рекордот во Евролигата!

Падна рекордот во Евролигата!

сподели
euroleague.net

Играчот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин ја смени историјата во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Неговиот тим го победи Баерн со 104:75 во 11-тото коло, а Американецот собори еден и израмни уште еден рекорд во Евролигата.

Постигна 49 поени и ги помина Боби Браун, Каспарс Камбала, Карлтон Мајерс и Алфонсо Форд кои реализираа по 41.

Освен тоа, искусниот плејмејкер погоди десет тројки со што се израни со Ендрју Гаудлок во оваа статистичка категорија. Натпреварот го заврши со индекс 53 и остана далеку зад Танока Берд кој како играч на Жалгирис, на 22 јануари 2004 година против Скипер Болоња оствари 63.