ПОЧЕТНА ЕВРОПА Падна рекордот во АБА лигата – 19 асистенции!

Падна рекордот во АБА лигата – 19 асистенции!

сподели
фото: Koper Primorska/Ziga Mikeli

Приморска го совлада Задар со 83:78 во последниот дуел од десеттото коло во регионалното натпреварување, но мечот го одбележа плејмејкерот на словенечкиот клуб Жан Марк Шишко.

Му недостасуваше еден скок за да оствати трипл-дабл, но го собори рекордот по остварени асистенции на еден натпревар откако оствари дури 19. Досегашен рекордер беше поранешниот играч на Црвена Звезда, Стефан Јовиќ со 16 додавања.

Ова не е првпат Шишко да има двоцифрен асистенции во АБА лигата оваа сезона бидејќи еднаш оствари 12, а еднаш 11.