ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Овој натпревар не го заслужи овој срам!

Овој натпревар не го заслужи овој срам!

сподели

Срамот е на експертите кои од удобните фотељи и од журки дробат по социјални медиуми, а ги нема никаде на битните натпревари во домашната лига. Таков беше дуелот на првите две екипи на табелата, МЗТ и Гостивар.

Гостиварци првпат откако се вратија во Прва лига, победија во Аеродром. МЗТ првпат сезонава загуби на домашен терен, во сите натпреварувања. Ќе бевте сведоци на ова, ако дојдевте во сала, никогаш однапред не се знае ништо.

А, во тој прекрасен спортски храм, најубав во нашата земја, на дербито на сезоната меѓу претендентите за највисок пласман, имаше 150 гледачи…