ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Оваа сезона треба да биде на Ефремовски!

Оваа сезона треба да биде на Ефремовски!

сподели
И тренерот Мираковски е свесен дека Викса има голем потенцијал (фото: Александар Ристовски)

По три години собирање искуство во првата екипа на Работнички, играчот со најдолг стаж во тимот од Градски парк во моментов, едноставно, нема право на изговори.

На 21 година (ќе наполни за пет дена), мора да преземе поголема одговорност и да покаже дека поседува квалитет за повисоки дострели. Тој е еден од најдобрите шутери во земјава, но треба да покаже напредок и во другите елементи на кошаркарската игра.

Можеби МЗТ Скопје 2 не е соодветен репер, но на првиот натпревар во новата сезона Виктор Ефремовски одигра одлично. Беше најефикасен на теренот со 23 поени, постигна пет тројки од седум шута, а подобар индекс (24) од него имаше само Хејден Лесколт (27).