ПОЧЕТНА СП 2019 Останаа уште две места во втората фаза, домаќинот сензационално елиминиран

Останаа уште две места во втората фаза, домаќинот сензационално елиминиран

сподели
FIBA

Репрезентацијата на Кина планираше да игра барем во втората фаза по групи, но ќе мора да се „разотиде“ по само три натпревари. Кинезите останаа без пласман во следната рунда, со два пораза по трите кола во групата А.

Венецуела оди понатаму, заедно со Полоска од групата А. Од групата Б се пласира Аргентина и Русија. Од групата Ц тоа се Шпанија и Порто Рико. Од групата Д патници се Србија и Италија. Од групата Е одат САД и Турција или Чешка кои ќе играат меѓу себе во последното коло. Од групата Ф се пласираа Бразил и Грција или Нов Зеланд кои ќе се пресметаат во третото коло.

Аргентина, Полска, Венецуела и Русија се во групата И. Србија, Италија, Шпанија и Порто Рико се во групата Ј. Франција, Доминиканската Република, Литванија и Австралија се во групата Л. Бразил и САД ги чекаат двата последни патника во групата К.

Резултати 3 коло:

Ангола – Филипини 84:81 (ОТ)
БСК – Полска 63:80
Ј. Кореа – Нигерија 66:108
Порторико – Тунис 67:64
Италија – Србија 77:92
Венецуела – Кина 72:59
Русија – Аргентина 61:69
Шпанија – Иран 73:65

(05.09.2019)

09:30 Канада – Сенегал
10:00 Бразил – Црна Гора
10:30 Германија – Јордан
10:30 Турција – Чешка
13:30 Литванија – Австралија
14:00 Грција – Нов Зеланд
14:30 Доминиканска Р. – Франција
14:30 САД – Јапонија