ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Остана уште последната коцка, евентуално две, од гостиварската сложувалка

Остана уште последната коцка, евентуално две, од гостиварската сложувалка

сподели
Во која друга сала во Македонија, се чека за билет за мечот на омилениот тим?

Клубот што гради сериозна екипа за претстојната сезона, најавува нов пекол на трибините во салата Младост. Таму не се изнаиграа ниту најдобрите, минатите две сезони, по враќањето на гостиварци во премиерната кошаркарска конкуренција.

Се размислува за ангажман на звучно име на центарската позиција, кое што ќе го бетонира бедемот под обрачите на двата краја, а се споменува и уште еден американски интернационалец.

Со задржувањето на Костоски и Димчевски, ветеранот Тасовски и младинците што потекнуваат од градот, Гостивар ќе има респектабилен состав за новата натпреварувачка година.