ПОЧЕТНА Други репрезентации Опстанокот е обезбеден, сега може да се игра релаксирано

Опстанокот е обезбеден, сега може да се игра релаксирано

сподели
FIBA

Кадетската репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од деветтото до 12-тото место на Европското првенство во Удине.

Целта од пред шампионатот е остварена по триумфот против Босна и Херцеговина со 76:64. Следен противник ќе ни биде Словенија, но тој меч нашите кошаркари можат да го играат без притисок бидејќи не можат ништо да загубат, а можат многу да добијат.

FIBA

Победата против БиХ е остварена благодарение на одличната игра во третата четвртина. Во првото полувреме имавме водство и од шест разлика, но противникот замина на пауза со водство од еден поен (33:34).

Во третиот период селекторот Дервишевиќ постави зонски пресинг што резултираше со неколку освоени топки на средината од теренот и потоа лесни кошеви. Само во тие десет минути постигнавме 30 поени, речиси колку во цело прво полувреме. На влезот на последната четвртина Македонија имаше предност од 15 разлика (63:48) што беше недостижно за ривалот.

FIBA

Андреј Митревски повторно беше наш најефикасен играч со 25 поена, но сега се истакнаа Резарт Мемед со 15 поени и 7 скока и Амар Хот кој одигра одлично особено во одбраната и заврши со 6 поени, 7 скока, 3 асистенции и 4 украдени топки.

FIBA

Борбата за конечен пласман ја почнуваме на 16-ти август, можеме да бидеме деветтопласирани што би бил успех за оваа селекција.