ПОЧЕТНА СП 2019 Ооо, Турци, пу јаз’к!!!

Ооо, Турци, пу јаз’к!!!

сподели
FIBA

Возбудливиот ден на Светското првенство малку недостасуваше да кулминира со сензација во која Турција ќе ги победи САД, првпат во својата историја.

Ги имаше сите услови за тоа, два пати – прво пред крајот на основниот дел, а потоа во финишот од продолжението. Во првиот случај недостасуваа стотинки бидејќи Џеди Осман на истекот на времето го фаулира Тејтум при обид за шут за тројка при резултат 81:79.

FIBA

Кошаркарот на Бостон им прости на Турците, погоди само два пати и натпреварот отиде во продолжение. Во дополнителните пет минути балканската селекција водеше со 89:84, па губеше со 91:89 и потоа пак дојде во водство од 92:91.

FIBA

По неколку грешки на двете страни, трагичар можеше да биде Мајлс Тарнер кој прво непотребно се обеси на обрач и избриша поени на својата репрезентација, а потоа загуби една топка по што Херис направи неспортски прекршок.

FIBA

Балбај ги промаши двете слободни фрлања, но Турците имаа топка од страна и Американците го фаулираа Џеди Осман кој играше одлично во продолжението и можеше да стане херој. Место тоа, беше трагичар бидејќи и тој два пати промаши, па во контранападот Тунџер жестоко го фаулира Мидлтон во обид за положување.

Играчот на Милвоки сега не прости, два пати погоди и и донесе победа на својата селекција.

Токму Мидлтон беше најефикасен во американската репрезентација со 15 поени, но далеку напред беше Ерсан Илјасова со 23, плус 14 скока.