ПОЧЕТНА СВЕТ Олимписките игри ОФИЦИЈАЛНО одложени за 2021

Олимписките игри ОФИЦИЈАЛНО одложени за 2021

сподели
Reuters

Никогаш претходно Олимписки игри не биле откажани, не бил сменет датумот или што и да е друго околу нив, поради друга причина освен војна, но за се има првпат. Коронавирусот го столчи светот, а со тоа и начинот на кој знаевме да живееме.

Ако изгледаше дека ЛОИ 2020 се последниот голем спортски настан што ќе остане нечепнат од COVID-19, сепак јапонскиот премиер, Шинцо Абе и претседателот на ИОК, Томас Бах се сретнаа и решија Игрите да се одржат во 2021-та година.

Оганот останува во Јапонија, Токио останува домаќин, името ЛОИ 2020 останува, засега е познато само дека датумот на одржување се поместува за не-подоцна од летото во 2021-та година, поради опасноста од пандемијата.