ПОЧЕТНА ЕВРОПА Олимпијакос знаел да победува и пред своите навивачи

Олимпијакос знаел да победува и пред своите навивачи

сподели
euroleague.net

По пауза од 45 дена и три порази во низа, поранешниот европски шампион дојде до победа на домашен терен во рамките на Евролигата. Успеа да го победи Жалгирис со 83:74 благодарение на подобрата игра во второто полувреме во кое беше подобар тим.

Куриозитет од овој натпревар е тоа што Олимпијакос оствари само два офанзивни скока, двата Никола Милутинов. Василис Спанулис постигна 16 поени за домашниот тим, а Џок Лендејл беше најефикасен кај Жалгирис со 23.