ПОЧЕТНА ЕВРОПА Олимпија не знае што загуби, но ЦСКА знае што купува

Олимпија не знае што загуби, но ЦСКА знае што купува

сподели
фото: CSKA Moscow

Во преодниот рок меѓу двете сезони во Евролигата, најдобрата инвестиција и најголемата грешка се поврзани со еден играч – најдобриот стрелец минатата сезона, американскиот интернационалец Мајк Џејмс. Милано премногу лесно го (от)пушти, а ЦСКА со двете раце го зграпчи.

Често оценет како недисциплиниран играч, Џејмс постигна 20 поени, со 5 асистенции и имаше 6 изнудени лични грешки, за 19 минути игра на дебито во новата сезона, во нова екипа. Тој е гарант за најмалку 20 победи од 34 меча, а италијанската екипа не може да врзе крај со крај со новиот ростер.