ПОЧЕТНА НБА Оклахома на апарати, си оди и Вестбрук

Оклахома на апарати, си оди и Вестбрук

сподели

Од финалист во НБА, за седум години Тандер е на пат да стане еден од најлошите тимови во лигата.

Откако се пресели од Сиетл во Оклахома, оваа екипа само два пати не играше во плеј-офот, но ги имаше Кевин Дурант, Џејмс Харден, Расел Вестбрук и Пол Џорџ. Сите си заминаа, најверојатно тоа ќе го направи и Вестбрук.

Познатиот американски новинар Адријан Војнаровски најави дека Оклахома Сити Тандер сериозн ја разгледува можноста да го трејдува единствениот кошаркар кој остана верен на франшизата и остана во најтешките моменти. Кога веќе се обезбедени двајца кошаркари и неколку пикови следните години од Лос Анџелес Клиперс, не е лошо да се почне нов циклус во кој Оклахома повторно ќе создаде тим за респект, но за неколку сезони.

Вестбрук има договор на уште четири години за вкупно 170 милиони долари што во новонастанатите услови не би претставувал голем проблем за другите франшизи, особено за оние со поголем простор во селари-капот.

Засега нема најави каде би можел да ја продолжи кариерата, но неговиот агент и раководството на Оклахома се во сериозни преговори.