ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Оклахома чекори кон плеј-оф

(ВИДЕО) Оклахома чекори кон плеј-оф

сподели
basketballinsiders.com

Оклахома стигна до 23-тата победа оваа сезона откако без многу потешкотии славеше над Минесота со 104-117. Данило Галинари го предводеше Тандер со 30 поени, додека прв трипл-дабл во кариерата оствари Шаи Гилгеус-Александер, кој додаде 20 поени, 10 скока и 10 асистенции. Кај Тимбервулвс најрасположен беше Роберт Ковингтон кој постигна 18 поени, а додаде и 4 скока.

По оваа победа Оклахома се наоѓа на седмата позиција на табелата со скор 23/17 и е во игра за предност од домашен терен во плејофот, додека Минесота се наоѓа на 12-та позиција со скор 15/24.