ПОЧЕТНА Некатегоризирана Охриѓанецот е почитуван во Кливленд, ќе добие нов договор

Охриѓанецот е почитуван во Кливленд, ќе добие нов договор

сподели
FIBA

Неуспехот на турската репрезентација на Светското првенство во Кина нема да влијае на судбината на Џеди Осман на клупско ниво.

Кошаркарот роден во Охрид, а кој веќе две години игра во НБА лигата, преку својот агент Џеф Шварц веќе ги почнал преговорите за продолжување на договорот со Кливленд Кавалирс. Од франшизата од Охајо не кријат дека сакаат да го задржат Осман иако тврдат дека ова се само иницијални преговори бидејќи сакаат да го остават својот играч да се фокусира на Мундобаскетот.

Турскиот репрезентативец идното лето ќе биде рестриктивен слободен агент и ќе може да ја промени средината, а тоа не го посакува никој во Кавс.

Со исклучок на Паскал Сиакам, Осман е кошаркарот со најголем напредок во НБА лигата кога станува збор за просекот на постигнати поени во однос на сезоната 2017/18. Последната натпреварувачка кампања ја заврши со 13 поени по натпревар, а во новата се надева дека ќе биде лидер на Кливленд.