ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА ОХРИЃАНЕЦОТ: Не е невозможно да се победи Америка

ОХРИЃАНЕЦОТ: Не е невозможно да се победи Америка

сподели
Џеди Осман (средина) со неговиот брат Џанер (десно).

Турскиот НБА бисер со македонско потекло, по победата на Турција против Франција во подготовките за претстојното СП, изјави дека и селекцијата на САД може да се победи:

„Очигледно е дека Американците не доаѓаат во најсилниот состав, но составот со кој што ќе се појават на СП изобилува со квалитетни НБА играчи. Тешко е, но не е невозможно да се победи оваа репрезентација.

Ние ќе играме како што знаеме, се надевам на нашето највисоко ниво и ќе се обидеме да ги победиме во групата. Мислам дека имаме екипа за таков резултат.“ – рече Џеди Осман.