ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Охрид се враќа на кошаркарската мапа, доби поддршка и од КФСМ

Охрид се враќа на кошаркарската мапа, доби поддршка и од КФСМ

сподели
фото: КФСМ

По едногодишна пауза, односно по згаснувањето на приватниот проект АВ Охрид, најголемиот туристички центар во земјава повторно ќе има свој кошаркарски клуб.

Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, заедно со генералниот секретар Владимир Георгиевски, и Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на денешната средба изразија голема благодарност до групата ентузијасти за формирањето на градскиот кошаркарски клуб Охрид и се обврзаа за обезбедување помош за непречено функционирање на клубот.

Првиот човек на Федерацијата истакнал дека е задоволен што постојат ентузијасти кои се борат да ја продолжат кошаркарската приказна во градот и што на охриѓани и овозможуваат повеќе спортски доживувања.

Првиот човек на Охрид, како голем љубител на спортот, ветил несебична поддршка кон новоформираниот клуб и се обврзал во скоро време да обезбеди и финансиска помош.

Од друга страна, претставниците на КК Охрид, информираа дека ќе се посветат максимално со работа во младинските категории и охридските кошаркарски таленти. И чекор по чекор да одат напред, за веќе од наредната година да се натпреваруваат во Првата македонска кошаркарска лига.