ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Охрид добива искуство под обрачите

Охрид добива искуство под обрачите

сподели
фото: Кумановски муабети

Александар Штерјов е новото засилување за екипата што интензивно работеше на македонскиот трансфер пазр, барајќи ги најсоодветните коцки да склопи респектабилен мозаик, кој што ќе личи и ќе делува како солидна кошаркарска екипа.

Штерјов има 33 години, дојде од редовите на Кожув, екипа што исто така пред новата сезона ќе доживее сериозна реконструкција. Центарот има 208 сантиметри, кариерата ја почна во велешката екипа Ангели Леов во 2005-та, а сега потпиша едногодишен договор.

Во 14-годишната кариера играше во 7 екипи, има двојна круна со МЗТ Скопје Аеродром освоена во сезоната 2011/12, кога на полусезоната премина од Вардар во редовите на тогаш суверената екипа во македонската кошарка и наш прв претставник во АБА елитата.

АВ Охрид, предводен од новиот тренер Марјан Илиевски го комплетира ростерот за новата сезона и најавува атак на високите места на табелата во Првата лига, a подготовките за новата сезона ќе почнат на крајот на август, јавува OhridNews.