ПОЧЕТНА Други репрезентации Огромна шанса отиде во неврат

Огромна шанса отиде во неврат

сподели

Јуниорската репрезентација останува во Б-дивизијата и покрај тоа што прикажа можеби најдобра игра на една македонска селекција на меѓународна сцена.

На Б-Европското првенство го освои четвртото место поразот во „малото финале“ од Чешка со 89:80. Очигледно неуспехот во дуелот со Израел остави траги врз нашите кошаркари кои не успеаја да се соземат и не победија во клучниот меч.

FIBA

Чесите подобро отворија, водеа со 28:17 во првата четвртина, но во втората кошаркарите на Тони Симиќ направија пресврт и поведоа со +8 (46:38). Се чинеше дека тука е скршен отпорот на противникот, но дојде до нов неочекуван пад во играта на македонската репрезентација.

FIBA

На Чесите им тргна и шутот, во третиот период погодија пет тројки, три во низа пред крајот кога направија 11:2 и водство од 75:67. Во финишот се доближивме на 84:80, имавме две шанси за драматичен финиш, но не ги искористивме.

FIBA

Марко Миловановиќ се истакна со 24 поени, Савичевиќ додаде 19 со 8 скока, а Јакимовски постигна 17 поени. За жал, не искористивме огромна шанса, ќе го чекаме идното лето кога повторно ќе имаме што да кажеме. Се враќа генерацијата која лани го освои третото место во кадетска конкуренција, таа сигурно ќе оди на висок пласман.