ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО: Младеновиќ е играч на Куманово

ОФИЦИЈАЛНО: Младеновиќ е играч на Куманово

сподели

Откако не успеа да се договори со Гостивар, 32-годишниот плејмејкер ги потврди шпекулациите кои навестуваа каде би можел да ја продолжи кариерата.

Марјан Младеновиќ потпиша договор со тимот на Куманово и ќе биде едно од најголемите засилувања за овој тим за новата сезона. Практично, тој се враќа во клубот чиј член беше во периодот од 2011 до 2015 година.

Своето второ деби за Куманово, Младеновиќ ќе го забележи во првото коло од новата сезона, против Пелистер на домашен терен, на 12-ти октомври.