ПОЧЕТНА СВЕТ Одреден датумот за рестарт на НБА лигата

Одреден датумот за рестарт на НБА лигата

сподели
nba.com

Најсилното кошаркарско друштво во светот, своите натпревар од сезоната ќе ги продолжи на 31 јули.

Според познатиот новинар Шемс Чанарија, оваа информација на сопствениците на франшизите им ја пренел комесарот Адам Силвер. Меѓу другото, станало збор и за финансиските последици од речиси петмесечното неиграње, а биле анализирани четирите можни сценарија по кои би продолжила сезоната.

Една од варијантите е веднаш да се влезе во плеј-оф со 16 екипи, а другите да заминат на одмор. Можно е да учествуваат 20 или 22 тима од кои 4 или 6и играле плеј-ин за пласман во плеј-офот. Има опција и да се продолжи основниот дел од сезоната и да се игра по стариот систем.

Уште не се знае дали екипите ќе играат во своите арени или сите натпревари ќе се одржуваат на неутрален терен.