ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Од МЗТ Скопје во Галатасарај

Од МЗТ Скопје во Галатасарај

сподели

Додека ја чека разврската на НБА драфтот, закажан за септември, довчерашниот играч на МЗТ Скопје одлучи да најде нов ангажман.

Рагип Атар ќе ја продолжи кариерата во турскиот прволигаш Галатасарај кој претстојната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите на ФИБА. Тој дојде во МЗТ Скопје пред крајот на јануари и се задржа во Македонија нешто повеќе од еден месец, односно до паузата предизвикана од корона вирусот.

Претходно играше за турскиот прволигаш Бандирма, а со оглед на неговите 210 сантиметри, го сметаат за еден од најголемите турски таленти во моментов. Во меѓувреме се пријави на НБА драфтот.