ПОЧЕТНА СП 2019 (ВИДЕО) Од 126 поени, мораше потегот на денот да биде на Србите

(ВИДЕО) Од 126 поени, мораше потегот на денот да биде на Србите

сподели
fiba

Актуелниот европски, светски и олимписки вицешампион ја оствари најубедливата победа во досегашниот дел на Мундобаскетот, совладувајќи ги Филипини со 126:67.

Тоа не е резултат, ниту игра за едно светско првенство, но барем љубителите на кошарката можеа да видат многу атрактивни потези.

Меѓу нив и акцијата на Мициќ и Милутинов на почетокот од втората четвртина. Наградата е за плејмејкерот на Анадолу Ефес и покрај забивањето на крилниот центар на српската репрезентација.