ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Очекувано, но срамно, за сите: Уште двајца ја откачија националната селекција

Очекувано, но срамно, за сите: Уште двајца ја откачија националната селекција

сподели
Yahoo Finance

Иако располагаат со неисцрпен арсенал на кошаркарски квалитет и потенцијал, сепак Американците ќе бидат сериозно ранливи на претстојното кошаркарско првенство на најдобрите репрезентации на светот.

Дејмијан Лилард и ДеМар ДеРозан се последните две имиња што го откажаа учеството во тренинг кампот, а со тоа и на претстојното светско првенство во Кина, од 31-ви август до 25-ти септември.

Пред нив, се откажаа ѕвезди како Џејмс Харден и Ентони Дејвис, сите поради желбата да се концентрираат на сезоната што им претстои со нивните екипи. Сите „големи“ НБА ѕвезди, му рекоа „НЕ“ на селекторот Грег Попович.

Американците се двоен светски шампион, го освојуваа златото на претходните два самита на најдобрите селекции, но сега ќе бидат на удар на репрезентациите што ги имаат во своите редови најдобрите играчи, како што е на пример Србија.