ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Очаен старт, добар финиш, но пораз на младинците

Очаен старт, добар финиш, но пораз на младинците

сподели
КФСМ

Македонската репрезентација составена од играчи до 20 години продолжи со низата пријателски натпревари пред Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Португалија.

По Унгарија, нашите кошаркари се во Бугарија, односно Благоевград каде ќе одиграат два контролни дуели. Првиот заврши со пораз од 78:73, но и покрај тоа македонската селекција не разочара. Особено тоа важи за второто полувреме во кое малку недостасуваше да направи сензационален пресврт.

Бугарите одлично почнаа, поведоа со 15:0, на крајот од првиот период беше 22:8, а двоцифрената предност ја задржаа до финишот од третата четвртина. Последните 10 минути и припаднаа на Македонија со 15:26, дојдовме блиску до пресврт, но не го направивме последниот чекор.

Павле Михајловски со 21 поен и 7 скока беше најдобар во нашата репрезентација, Какруки постигна 15 поени и 7 скока, а Крстевски 12 поени.

Вториот пријателски дуел е на програма утре (2-ри јули) од 12 часот по локално време.