ПОЧЕТНА ЕВРОПА ОБРАДОВИЌ: Ти благодарам, Костас!

ОБРАДОВИЌ: Ти благодарам, Костас!

сподели
redbull.com/tr

Српскиот стратег на клупата на Фенербахче имаше пофални зборови за неговиот плејмејкер, кој што реши да игра на третиот натпревар од финалната серија иако неколку дена претходно почина неговиот татко.

„Костас е голем човек, му благодарам што реши да му помогне на тимот по една голема трагедија за него. Од мојот прв ден во оваа екипа, ние сме како една голема фамилија и така ќе остане.“ – рече Жељко Обрадовиќ.

Анадолу Ефес победи на третиот меч, Фенербахче губи со 2:1 во финалната серија што се игра до четири победи. Следниот дуел, е на теренот на Фенер (2-1-1-1-1).