ПОЧЕТНА ЕВРОПА Обрадовиќ се враќа во Србија

Обрадовиќ се враќа во Србија

сподели
euroleague.net

Прославениот српски тренер е на пат кон дома, се уште не успеа да се договори со турската екипа што ја предводеше последните седум години.

Најтрофејниот европски стручњак сака респектабилен тим за Евролига, а раководството на Фенербахче најави кратење на буџетот поради финансиските проблеми поради пандемијата коронавирус.

Преговорите не се завршени, траат повеќе денови и не е исклучено продолжување на соработката. Но, не се исклучува ниту пауза за Жељко Обрадовиќ како во сезоната откако го напушти Панатинаикос, пред да потпише за турскиот тим.