ПОЧЕТНА ЕВРОПА Обрадовиќ сакал да си оди од Фенер уште во декември

Обрадовиќ сакал да си оди од Фенер уште во декември

сподели

Претседателот на турскиот кошаркарски гигант Али Коч објасни каква била ситуацијата во клубот последните месеци, почнувајќи од крајот на минатата година.

Неодамна Жељко Обрадовиќ го напушти Фенербахче по седум години на клупата, но тоа не било изненадување за никото затоа што тој и во декември понудил оставка. Причина тогаш беа слабите резултати на тимот од Истанбул во Евролигата каде во еден период се најде на претпоследната позиција на табелата.

„Дали мислите дека намерно би се откажал од легенда како Обрадовиќ? Со тоа би се саботирал сам себе. Неколку пати во текот на сезоната сакавме да го продолжиме договорот со него, но тимот бележеше лоши резултати и Жељко не беше концентриран на тоа.

По еден пораз во декември, тој ја понуди својата оставка, но јас му реков: Ти не научи да не се откажуваме, ние сме секогаш со тебе. Имавме планови, можеби ќе го направевме најголемиот кам-бек во историјата на Евролигата, но пандемијата не спречи во тоа“, рече Коч, меѓу другото, во интервју за ХаберТурк.

Фенербахче уште не ја нашол замената за Обрадовиќ, прашање е дали е можно да се најде замена за него.