ПОЧЕТНА ЕВРОПА Обрадовиќ сака да го грабне најдобриот плејмејкер

Обрадовиќ сака да го грабне најдобриот плејмејкер

сподели
фото: Fenerbahce BEKO

Најтрофејниот европски тренер секогаш е во потрага по најквалитетните играчи, а откако неговата екипа остана без скоро цела петорка, која што замин(ув)а од различни причини, тој сака да донесе врвно засилување.

Нандо Де Коло е целта на Жељко Обрадовиќ, кој што ги испрати Марко Гудуриќ и Николо Мели во НБА лигата, а најавено е заминување и на повредениот Тајлер Енис, по што надворешната линија на Фенер е испразнета.

фото: euroleague.net

Идеалниот играч кој што може да помогне во создавање на нов шампионски ростер, за српскиот стратег, е францускиот интернационалец кој што пред се сака да оди во НБА лигата, но за него загреан е и Реал Мадрид.